ФОТО | Деветгодишно момче нашло 200 милиони години стар фосил на плажа

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Glenn Morris/BBC

Деветгодишниот ловец на фосили Ели Морис го имал откритието на својот живот кога налетал на амонит стар 200 милиони години. Додека шетал со семејството на плажата „Лентвит мејџор“ во долината на Гламорган, Велс, Ели го забележал сочуваниот мекотел на површината на некоја карпа.

Експертите велат дека неговата големина околу 0,3 метри и квалитетот го прават навистина необичен за таа област.

Ученикот од Свонси изјавил: „Само седев овде, го подигнав погледот и си помислив: О Боже мој, тоа е големо!“

Ели поседува колекција од помали фосили што ги чува дома. Тие се истакнати околу дневната соба, кујната, скалите и неговата спална соба.

„Тие се интересни и ми се допаѓа нивната форма и текстура. Едноставно е кул“, изјавил малиот пронаоѓач Ели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)


Таткото на Ели, Глен Морис, рекол дека тој и неговиот син често оделе на лов на фосили, но обично тоа го прават поблиску до нивниот дом во Бирчгров, Свонси.

„Секогаш сме некаде на брегот, обично надолу по Гоуер, но ова ни беше првпат тука, така што навистина беше среќа за почетници. Бев малку чуден кога растев, сакав диносауруси и карпи, тоа се истите работи што го интересираат и Ели, мислам дека тоа јас му го пренесов“, изјавил таткото Глен.

Карпите што ја формираат плажата и карпите на „Лентвит мејџор“ се од геолошкиот периодот Јура и се стари околу 200 милиони години.

Карпата е составена од мешавина од варовник и кал, наречена „формација сина лиа“.

Предавачот по физичка географија на Универзитетот Свонси, д-р Ник Фелстед, изјавил: „Фосилот кој го пронајде Ели е амонит, кој беше тип на мекотел тесно поврзан со октоподи, лигњи и сипа, што е ретко откритие во „Лентвит мејџор“. Можеме да видиме дека внатрешните комори што би биле користени за пловност на амонитот се наполнети со кварц за време на фосилизацијата, што е уште поретко и ја прави особено убава“.

И покрај неговата дарба за наоѓање праисториски фосили, Ели не сака да биде палеонтолог кога ќе порасне.

„Сакам да бидам фудбалер“, вели Ели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот