ФОТО: Денеска сите го чекаат дебито на Меси за ПСЖ

Меси во составот на ПСЖ за дуелот со Ремс во француската „Лига 1“/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Денеска во рамките од четвртото коло во најсилното француско првенство составот на ПСЖ од 20.45 часот му гостува на Ремс.

Париските „светци“ имаат три максимални победи и се очекува да продолжи успешната серија и на вечерашниот дуел во кој се очекува да дебитира и најголемата ѕвезда, Лионел Меси.

Од парискиот клуб и официјално објавија дека Аргентинецот е во составот на играчи на кои ќе располага тренерот Маурисио Покетино.

А покрај Меси, во составот се и ред други познати имиња како Нејмар, Ди Марија, Хакими, Верати, Ерера, Дракслер, Вајналдум, Донарума, а во истиот е и Мбапе кој овој период се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Покетино не може да смета и натаму на новото летно засилување Рамос кој ќе паузира одреден период поради повреда, а на листата повредени се и Бернат, Икарди, Курзава, Сарабија..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот