ФОТО | Ден по ужасот – тага и болка: Стадионот „Канџурхан“ се простува од загинатите, дури 32 беа деца

Стадионот Канџурухан/Маланг, Источна Јава, Индонезија/3 октомври 2022/Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

На фудбалскиот натпревар во Индонезија, илјадници гледачи упаднаа на теренот, а кога полицијата употреби солзавец, избувна масовна паника и во големо стампедо животот го загубија според најновите информации 127 лица, иако првично беше објавено дека станува збор за 174 лица.

Информациите говорат и дека дури 32 од загинатите се деца. Стадионот „Канџурухан“ има капацитет од 42.000 гости и беше распродаден, според властите. Полицијата објави дека на теренот во моментите на хаос влегле околу 3.000 луѓе.

Денес на стадионот и околу него разбирливо владее чувство на голема тага, а семејствата, пријателите и блиските се простуваат со загинатите.

 

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM
Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM
Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM
Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM
Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот