ФОТО: Деми Ловато „воспоставила“ контакт со вонземјани

Кој е најдобар начин да се надмине фазата на пост-раскинување? Да се поминува време на отворено? Да се создаваат нови пријателства, кои живеат на друга планета?

Последната објава на Инстаграм профилот на пејачкатаДеми Ловато која неодамна јавно се раздели со нејзиниот вереник, актерот Макс Ехрих, повторно ја шокираше јавноста со изјавата дека видела НЛО и воспоставила контакт со вонземјани.

 

Instagram

Ловато на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од мистериозни објекти што ги забележала при посета на Националниот парк „Joshua Tree“.

Деми била во друштво на неколку пријатели и д-р Стивен Грир, кој на социјалните мрежи е познат како „еден од најистакнатите авторитети на тема НЛО, разузнавање на вонземска интелигенција и започнување мирен контакт со вонземски цивилизации“.

 

 

 

Во текот на изминатите неколку месеци, длабоко навлегов во науката за свеста и не само што доживеав мир и спокојство како никогаш до сега, туку и бев сведок на најневеројатните глетки на небото. Oваа планета е на многу негативен пат кон уништување, но НИЕ заедно можеме да го промениме тоа“, напиша Ловато.

 

Фотографија споделена до Ловато / Instagram

 

Кога би натерале 1% од населението да медитира и да воспостави контакт, би ги принудиле нашите влади да ја признаат вистината за вонземскиот живот и да ги сменат нашите деструктивни навики уништувајќи ја нашата планета“, додава таа.

 

Фотографија споделена од Ловато / Instagram

 

Сепак, Деми им порача на своите обожаватели да „не ја фаќаат за збор“. Наместо тоа, ги охрабри да ја симнат апликацијата на д-р Грит „CE5“ за да се обидат да остварат контакт.

 

фотографија споделена од Ловато / Instagram

 

Ќе ве научи на протоколите да се поврзете со живот надвор од нашата планета!“, порача пејачката, и додаде дека може да бидат потребни „неколку сесии за да се влезе во доволно длабоко ниво на медитација за да се оствари контакт“.

Многу од коментарите беа скептични, веројатно заради тоа што разговор со вонземјани не изгледа како најчудната работа што ќе ни се случи во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот