ФОТО | Дедо собирал монети 70 години: Внуците со денови ги броеле, се шокирале од собраната сума
Американец вредно штедел 70 години, полнејќи голема стаклена тегла со монети. Дури сега неговите внуци се осмелиле да ја отворат и да ги избројат парите.
Корисник на социјалната платформа „Редит“ објави приказна и фотографии кои предизвикаа големо внимание во јавноста. Имено, неговиот дедо собирал монети во стаклена тегла цели 70 години, а дури неодамна им дозволил на своите внуци да ја отворат. Стаклената тегла била полна со сребрени и бронзени монети, пренесува „Њузвик“.
„Секогаш го ставаше кусурот во оваа тегла, а сега изброивме сè“, напишал тој.
Приказните за касичките секогаш привлекуваат внимание – а ни оваа не е исклучок. Тоа го потврдуваат повеќе од 28.000 лајкови и многубројните барања на корисниците авторот да ги објави деталите. За возврат добиле повеќе фотографии од парите подготвени за броење.
My Grandpa saved his change in this glass jug for 70 years, and is finally letting me count it!
byu/Crimsonkitsune333 inpics
На крајот, внуците измериле дека во теглата има неверојатни 69 килограми монети! Избројале 2.052 американски долари (околу 1.900 евра), а дедото останал шокиран од заштедената сума.
Мислел дека неговите заштеди не надминуваат повеќе од 1.000 долари. Сепак, конечната сума би можела да биде поголема бидејќи во теглата биле пронајдени монети од историска важност, најстарата која датира од 1928 година. Експертите ќе проценат колку навистина вредат.
UPDATE: The 70 year old coin jar has been sorted and counted- final total is $2052.76!
byu/Crimsonkitsune333 inpics