ФОТО | Даниел Крег ја доби својата ѕвезда: Чест е да „газат“ по тебе

даниел крег
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Заблеска нова ѕвезда на Булеварот Холивуд 7007 – број неслучајно одбран за името на Даниел Крег.

Даниел Крег ја доби својата ѕвезда на Булеварот на Славните. Само една седмица по премиерата на последниот 25-ти Џејмс Бонд филм „No Time To Die“, петти и последен по ред за актерот, Крег ја имаше честа да добие ѕвезда на славниот холивудски булевар, и тоа на само неколку чекори од ѕвездата на неговиот „претходник“ Сер Роџер Мур.

даниел крег
Фото: Даниел Крег / Извор: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

„Ако среќата се мери по оние кои „ти прават друштво“, тогаш тоа што сум јас на овој тротоар опкружен со сите овие легенди ме прави многу, многу, многу среќен човек. Така што многу ви благодарам“, изјави Крег на откривањето.

даниел крег
Фото: Даниел Крег / Извор: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Пред разоткривањето на ѕвездата Крег им се заблагодари на Мајкл Вилсон и Барбра Броколи од „дното на своето срце“, без кои како што тој рече, „не би бил тука“.

„Не мислев дека би ги изговорил овие зборови, но е апсолутна чест да „газат“ по тебе во Холивуд“, изјави Крег.

даниел крег
Фото: Даниел Крег / Извор: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Рами Малек, кој го глуми главниот негативец Сафин во новиот Бонд филм, говореше за време на церемонијата на разоткривањето на ѕведата и опсипа со пофални зборови за Крег како актер и колега.

„Сите знаеме дека тој е одличен актер, тој е посветен, може да ги изведе сите негови опасни сцени со една рака врзана зад грбот и држејќи чаша Негрони во другата“, се пошегува Малек.

рами малек даниел крег
Фото: Даниел Крег и Рами Малек / Извор: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Оскаровецот продолжи објаснувајќи како Даниел е внимателен за својата изведба додека успева да е емпатичен кон сите околу него, па со карактерот кој ги содржи овие две спротиставени карактеристики во исто време носи нова димензија – неверојатна количина талент и одговорност, но и неверојатна топлина и точна свесност за тоа што им е потребно на тие околу него.

даниел крег
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Крег за прв пат влезе во „чевлите“, но и автомобилот на 007 агентот кој е на услуга на Нејзиното Височество во 2006 година со филмот „Casino Royale“, а улогата ја повтори во пет фимски изданија.

Неговата ѕвезда на Булеварот на Славните се придружува на оние на неговите Бонд претходници Пирс Броснан, Дејвид Највен и Бери Нилсон

даниел крег
Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот