ФОТО | Даниел Кајмакоски стана татко на девојче: „Најголемата авантура на мојот живот започна“

Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина го добија нивното второ заедничко дете.

По синот Стефан, кој го добија во април минатата година, сега Даниел и Марина открија нивното семејство се проширило со нов член – ќерката Емилија.

„Па, најголемата авантура на мојот живот започна.

До мојата прекрасна сопруга – Марина ти си нашиот херој, те сакам“, напиша Кајмакоски во објавата на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

Да потсетиме, Даниел Кајмакоски претходно беше во брак со манекенката Кристина Димитријевска, со која има едно дете – синот Давид.

По разделбата со Димитријевска во 2020 година, пејачот го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста. Тоа се смени во септември 2022 година, кога ја сподели првата фотографија со неговата сегашна сопруга Марина.

ФОТО | „Ова е Стефан кралот“: Даниел Кајмакоски стана татко на уште едно момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот