Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

ФОТО | Даниел Кајмакоски ја прослави годишнината од бракот: „Мене баш ми се допаѓа ова наше мало царство!“

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски вчера (21 јануари) ја прослави втората годишнина од бракот со сопругата Марина, која по тој повод сподели емотивна објава на својот инстаграм-профил.

Таа објави неколку фотографии од повеќе етапи од нивната љубовна приказна – моментот кога се запознале и сеќавања од периодот кога се родила љубовта меѓу нив двајца, како и фотографии од нивните две деца – синот Стефан и ќерката Емилија и нивниот домашен миленик.

„Тука те запознав.

Тука веќе многу бев вљубена во тебе.

А тие се производ на нашата љубов.

Таа (нивното куче) е со нас речиси од самиот почеток.

И знаеш што Даниел? Мене баш ми се допаѓа ова наше мало царство. И да можам повторно да бирам, повторно би направила сè исто затоа што го сакам тоа што бевме, тоа што сме и тоа што сакаме да бидеме..

Среќна годишнина од брак, љубов моја“, стои во нејзината објава, која пејачот ја реобјави на својот профил.

Да потсетиме, Даниел Кајмакоски претходно беше во брак со манекенката Кристина Димитријевска, со која има едно дете – синот Давид.

По разделбата со Димитријевска во 2020 година, пејачот го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста. Тоа се смени во септември 2022 година, кога ја сподели првата фотографија со неговата сегашна сопруга Марина. Тие стапија во брак во јануари 2022 година.

„Ти си сѐ она што некогаш сум го барал. Ти благодарам што ме туркаш кон тоа да ги остварам сопствените соништа секој ден“, напиша тогаш пејачот на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

Даниел и Маја го добија синот Стефан во април 2023 година, а ќерката Емилија ја добија ноември минатата година.

„Па, најголемата авантура на мојот живот започна.

До мојата прекрасна сопруга – Марина ти си нашиот херој, те сакам“, напиша Кајмакоски на својот инстаграм-профил, кога ја објави веста дека станал татко на девојче.

Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

ФОТО | Даниел Кајмакоски ги пречека сопругата и новородената ќерка: „Да живее љубовта, ви благодарам за честитките!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот