ФОТО | Дали знаете дека Иванка Трамп порано се занимавала со манекенство, носела ревии и за долна облека

Фото: CHIP SOMODEVILLA / Getty images / Profimedia / Marti Escuder / ČTK / Profimedia

По втората победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, семејството Трамп e во центарот на вниманието, а меѓу нив e и Иванка Трамп, неговата ќерка и десна рака во претходниот мандат од 2017 до 2021 година.

Фото: TANNEN MAURY / UPI / Profimedia

Иванка тогаш беше негова советничка, како и директорка на Канцеларијата за економски иницијативи и претприемништво. Но, освен во политичката и претприемничката кариера, Иванка Трамп се испробала и во светот на манекенството во тинејџерските години.

Иванка Трамп на ревијата на Енрико Ковери во Милано / Фото: Alberto Lo Bianco / PA Images / Profimedia

Покрај појавувањето на насловните страници на модните списанија, Иванка се појави и на модни ревии. На 14-годишна возраст прошета на модната писта во Милано на ревијата на дизајнерот Енрико Ковери, а две години подоцна 16-годишната Иванка го привлече вниманието на ревијата на Тиери Муглер во Париз.

Иванка Трамп на ревијата на Тиери Муглер / Фото: THOMAS COEX / AFP / Profimedia

Покрај тоа, таа учествуваше и на ревиите на Пако Рабан и Вивиен Вествуд, а во 2000 година позираше на ревијата за долна облека ТПМ во Барселона.

Иванка Трамп на ревијата на ТПМ во Барселона / Фото: Marti Escuder / ČTK / Profimedia

ФОТО | Меланија по долго време се појави со Трамп: Како заљубени тинејџери се гушкаа и бакнуваа во јавност

Кој е кој во семејството Трамп? Три сопруги, деца милионери, „отфрлена ќерка“ и „мистериозен“ син кој се крие од јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот