ФОТО: Дали сопругата на Бајден суптилно ја прозва Меланија со својот моден избор

epa-efe
епа-ефе+ принтскрин јутјуб

Првата дама на Америка, Џил Бајден стана топ тема на социјалните мрежи, откако со својот моден избор ги разгоре „сеќавањата“ за нејзината претходничка, Меланија Трамп…

Американската претседателска двојка го започна своето прво патување во странство оваа недела. Вчера, Џо Бајден, со својата сопруга Џил Бајден се сретнаа со британскиот премиер и неговата новопечена сопруга во заливот Карбис во Корнвол.

epa-efe
EPA-EFE/Hollie Adams

Првата дама на Америка, која минатата недела го прослави својот 70-ти роденден, во последните неколку недели привлече големо внимание со нетипичен моден избор. А овојпат изненади многумина кога се појави во црн блејзер на кој беше испишано „Љубов“ со блескави циркони.

Имено, не ѝ требаше на јавноста долго нејзиниот моден избор да го окарактеризира како критика кон нејзината претходничка, 51-годишната Меланија Трамп.

Во 2018 година, сопругата на поранешниот претседател на САД се појави во модел на маслинесто зелена јакна со натпис на задната страна „Навистина не ми е гајле, а тебе?“. Нејзиниот избор тогаш предизвика бурни реакции во јавноста, а во нејзина одбрана Меланија рече дека нејзиниот избор на јакна со контроверзниот натпис е порака упатена до „сите оние луѓе и левичарските медиуми кои постојано ја критикуваат“.

Сепак, јавноста не ја разбра пораката на тој начин затоа што таа ја носеше на пат кон мексиканската граница за да ги посети децата одделени од нејзиното семејство.

Наследничката на Меланија, пак, тврди дека нејзиниот избор на блејзер со натпис „Љубов“ е далеку од тоа како јавноста го доживува.

epa-efe
EPA-EFE/Hollie Adams

Според неа, ова е нејзиниот повик за единство. „Ова е глобална конференција на која ќе се обидеме да воспоставиме единство низ целиот свет и мислам дека е важно да се работи на тоа чувство на единство“, рече Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот