ФОТО: Дали британската голферка Луси Робсон е најубавата спортистка на светот

Instagram

Британката Луси Робсон има 25 години, иако многумина од прва би заклучиле дека таа е модел, пејачка или инфлуенсерка, Луси всушност е професионална голферка. По тринаесет години поминати во Америка, таа повторно живее во Велика Британија.

Instagram

Иако пандемијата на коронавирусот предизвика откажување на бројни спортски натпревари, Луси засега не мора да се грижи бидејќи нејзината заработка се проценува на над 1 милион американски долари. Луси беше избрана за „Treasure Coast Player“ во 2012 и 2013 година.

Instagram

Робсон заработува и како модел на брендот „FashionNova“. На својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, таа постојано објавува фотографии од напорните тренинзи воодушевувајќи ги своите обожаватели.

Луси има над 880.000 следбеници на Инстаграм кои со нетрпение ја очекуваат секоја нова фотографија или видео.

Младата голферка се прослави со фотографиите на кои игра голф во специфична спортска облека за голф.

Instagram

Брендот „FashionNova“ за својата нова колекција за спортска облека ја контактирале атрактивната Луси да биде амбасадор на нивниот бренд.

Instagram

Робсон постојано избира едноставни модни комбинации. Секоја нејзина објава добива илјадници коментари за многу кратко време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот