ФОТО | Цветен рај на 1.100 метри надморска висина: Искусна фризерка, „исфризирани“ цвеќиња!

Фото: Приватна архива

Славица Јуван има двор од кој застанува здивот, на локација – од која ќе ве „заболе главата“, се разбира, од убавини!

ДВОРОТ НА ОВАА ЦВЕТНА ДАМА СЕ НАОЃА НА 1.100 МЕТРИ НАДМОРСКА ВИСИНИ, ВО ГОЛЕМА ЦРЦОРИЈА,СЕЛО ВО ОБЛАСТА СЛАВИШТЕ, ВО БЛИЗИНА НА КРИВА ПАЛАНКА, А СЕ ПРОСТИРА НА ОКОЛУ 1.000 КВАДРАТНИ МЕТРИ.

Славица има вешти раце – по професија е фризерка, со работно искуство од 30 години, а во слободно време – се посветува на својот преубав двор и на убавиците во него. Како што на нејзините клиентки им ги средува косите до совршенство и ги разубавува, таков однос нашата соговорничка има и кон цвеќињата.

– Со цвеќиња се занимавам од детството, цвеќињата се за мене како најблиски пријателки, со нив зборувам, се смејам, и си ги кажувам сите мои убави и лоши моменти. Тие за мене се живот, а дворот е рај во кој уживам од утро до мрак.

Славица одгледува разновидни цвеќиња и растенија за сите сезони во годината. Вели дека за неа сите цвеќиња се убави, и дека не може да издвои едно што е посебно – сите се посебни на свој начин!

– Секое цвеќе си има своја посебна убавина, пријатна за око и за себе, – одлучна е нашата соговорничка.

А, што им препорачува на оние кои сакаат да започнат со одгледување на цвеќе?


Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот