ФОТО: Чурлинов го одработи првиот тренинг во Барнли

Дарко Чурлинов е среќен и возбуден што ќе игра за англискиот клуб Барнли/Фото: Принтскрин/Youtube/Burnley Football Club

Македонскиот репрезентативец и официјално е нов фудбалер на англискиот клуб Барнли со кој потпиша договор на четири години.

Дарко Чурлинов е среќен и возбуден што ќе настапува за екипата предводена од менаџерот Винсен Компани и која ќе се обиде да се врати во Премиер лигата.

Нашиот играч веќе го одработи и првиот тренинг со своите нови соиграчи, а тимот се подготвува за новиот петти меч сезонава во Чемпионшип в сабота дома против Блекпул (16.00 часот).

Барнли во првите четири кола освои вкупно пет бода и е моментно на 13 позиција.

Воедно клубот информираше дека на Чурлинов му е одобрена меѓународна дозвола и може да биде во составот за настап на утрешниот натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот