ФОТО | Чудните барања на Навални во затворот: Кимоно, балалајка, кенгур…

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални најде креативни начини да си поигрува со нервите на затворските службеници додека ги бомбардира со низа чудни барања.

Тој преку своите адвокати објави писма во кои покажува како ги исмева затворските власти.

Навални побарал, меѓу другото, кимоно или балалајка, очигледно за да го помине времето во изолација со музика.

Но, тој бара и дружење во ќелијата со животно, но повторно не со кое било животно. Навални побара ни помалку ни повеќе туку кенгур.

Побарал шише виски, стап, две вреќи евтин тутун и црн појас.

Секако, неговите барањата од казнената колонија ИК-6 се одбиени.

Навални отслужува комбинирана затворска казна од 11,5 години за измама и непочитување на судот. Тој нагласува дека обвиненијата се измислени за да се замолчи опозиционерот на Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот