ФОТО | Чистејќи го подрумот нашол слика на Пикасо вредна шест милиони долари
Трговец со антиквитети чистејќи го подрумот на една куќа, пронашол оригинален портрет на „Dora Mar“ (Buste de femme), насликан од шпанскиот сликар Пабло Пикасо.
Откако случајно пронашол слика во подрумот на една куќа во Карпи во 1962 година, Италијанецот Луиџи Ло Росо ја однел со себе во Помпеја, каде што сликата висела на ѕидот во дневната соба во следните неколку децении, пишува „Гардијан“.
Painting found by junk dealer in cellar is original Picasso, experts claim https://t.co/G8mPDU7x65
— The Guardian (@guardian) October 1, 2024
Портретот (Buste de femme), за кој се верува дека е слика на љубовницата и муза на Пикасо, Дора Мар, го има препознатливиот потпис на сликарот во горниот лев агол, но Ло Росо не знаел кој е тој.
Дури многу години подоцна, кога неговиот син Андреа се заинтересирал за сликата и поставувал прашања, почнале да се појавуваат сомнежи. Семејството на крајот побарало совет од тим експерти. По долгогодишно истражување, графологот Синзија Алтиери потврди дека се работи за слика на Пикасо вредна шест милиони долари.
„Татко ми беше од Капри и собираше „ѓубре“ за да го продаде. Тој најде слика пред да се родам и немаше поим кој е Пикасо. Тој не беше многу образована личност“, вели синот на Ло Росо, Андреа и додал дека неговата мајка сакала да се ослободи од сликата затоа што ѝ била „страшна“.
Сликарот, кој почина во 1973 година, беше чест посетител на Капри и се верува дека сликата е создадена помеѓу 1930 и 1936 година. Пикасо создаде повеќе од 14.000 дела.