ФОТО | Четири претставнички на Евровизија со сличен стајлинг: Дали ќе ги видиме во истите фустани и во финалето?

epa-efe

Евровизија несомнено е еден од најголемите аудио-визуелни спектакли во Европа. Покрај автентичните песни и вокалните способности на изведувачите, големо внимание се посветува и на изгледот и сценската изведба.

epa-efe
Анџела Перистери / Албанија / EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Секој од натпреварувачите се обидува да биде оригинален, но за жал, не секогаш успева во својата замисла, иако за своите настапи се подготвуваат со месеци однапред.

epa-efe
Наталиа Гордиенко / Молдавија / EPA-EFE/SANDER KONING

Имено, еден детаљ што многумина го забележаа е дека дури четири пејачки беа скоро исто облечени!

epa-efe
Елена Цагрину / Кипар / EPA-EFE/SANDER KONING

Доколку внимателно ги погледнете нивните настапи и обрнете внимание на нивните фустани, ќе ви се причини дека темата на годинашната Евровизија е сребрен фустан со кристали, што е токму она што го носеа претставниците на Албанија, Молдавија, Кипар и Малта.

epa-efe
Дестини / Малта / EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Луѓето секако, не пропуштија да се пошегуваат на нивна сметка на социјалните мрежи.

Едноставен за носење, од утро до вечер, универзална униформа“, „Пола Евровизија носи иста облека“, „Дали ги купивте на продажба“, беа само дел од коментарите.

Погледнете ги нивните настапи:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот