ФОТО: Чесите им оддадоа почит на починатите од ковид – запалени 30.000 свеќи во замокот во Прага

Претседателскиот замок Храдчани во Прага вечерва го осветлија 30.000 свеќи, симболично по една за секоја жртва од пандемијата на ковид-10 во Чешка, а првата ја запали чешкиот претседател Милош Земан.

„Морам да кажам дека за смртта на некои од нив сме одговорни ние самите поради нашата рамнодушност, лекомисленост и пред се поради тоа што му потклекнавме на искушението за прераното попуштање на мерките и поради тоа епидемијата не се врати во неколку бранови“, рече Земан, оддавајќи им почит на жртвите од коронавирус.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Милош Земан изрази надеж дека пандемијата во Чешка ќе исчезне најдоцна во септември годинава и тоа благодарение на масовната кампања за вакцинација.

„Ќе се сеќаваме на пандемијата како на страшен сон“, рече Земан.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

На палењето свеќи на Храдчани од сите капии на замокот до централното место каде граѓаните можат за запалат свеќи дојдоа неколку стотици граѓани на Прага, а местото ќе биде отворено до полноќ до кога ќе горат свеќите.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

На социјалните мрежи предизвика критики поставувањето на свеќите во проѕирни пластични пивски чаши, на што портпаролот на претседателската канцеларија Вит Новак возврати дека свеќите не можело да се постават без нив поради ветерот, а и за тоа чашата да го задржи растопениот восок.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Во Чешка од почетокот на пандемијата од ковид-19 заклучно со неделата починаа 29.711 луѓе и земјата со 10,7 милиони жители во првите три месеци од годинава се држеше на прво или на второ место од земјите во Европа со најмногу починати на милион жители.

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Сега веќе спаслува третиот бран од пандемиајта и после локдаунот, помалку или повеќе строг од 28 декември, Чесите денеска конечко дочекаа да ги отворат продавниците, музеите и галериите, а и основците се вратија во училиштата, а владата исто така денеска одлучи и за ново попуштање на санитарните мерки од 17. мај.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот