ФОТО | Цеца во „Ѕвездите на Гранд“ со луксузни очила во форма на пеперутка: Еве колку чинат!

светлана цеца ражнатовиќ
Светлана Цеца Ражнатовиќ / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Српската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ секогаш е ултра дотерана откако е дел од судиите на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранда“. Но, сега се чини сите се „фатија“ за еден детаљ од нејзината модна комбинација.

Имено, пејачката е позната по тоа што милува да си купува луксузни парчиња брендирана облека. Овојпат на снимањето на шоуто се појави во црн тесен фустан, блејзер и црни лакирани чизми до колена.

Цеца целиот стајлинг го надополнила со специфични очила за сонце. Очилата во форма на пеперутки се од познатиот бренд „Валентино“, и чинат 529 евра.

Да потсетиме, Цеца од оваа сезона е постојан член на жирито на „Ѕвезите на Гранд“, на местото на поп-ѕвездата Јелена Карлеуша.

„Во овој момент можам да кажам дека ни претстојат три добри години кои ме врзуваат за овој проект. Сакаме да ги прославиме заедно во најдобро можно светло“, изјави пејачката пред неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот