ФОТО | Брус Вилис по долго време снимен во јавност: Замислен, во придружба на телохранител
Легендарниот актер Брус Вилис е снимен по долго време во текот на возење во автомобил во Калифорнија. Тој се повлече од јавноста поради неговата борба со афазија и деменција.
Вилис седел на совозачкото седиште, имал на себе црна капа и кошула со пруги. На фотографиите гледа низ прозорецот и напред, не правел никакви движења.
Вилис бил придружуван од телохранител на дневното излегување, им рекле очевидци на папараците, а ова излегување следува по долго време. Во последните недели имаше можност да го види само преку објавите на неговото семејство на социјалните мрежи.
Актерот има пет ќерки: Мејбел Реј (12) и Евелин (10) со сопругата Ема Хеминг Вилис (46), како и Румер (36), Скаут (33) и Талула (30) со поранешната сопруга Деми Мур (61).
Најстарата ќерка на Брус Вилис – Румер изјави дека кај нејзиниот татко се развива деменција, но дека добро се снаоѓа и дека цело време го опсипува со љубов.
– Нашата љубов е толку моќна и присутна – објасни таа.
Наследничката на познатиот актер Румер влезе во нова фаза во април минатата година кога со својот партнер Дерек Ричард Томас ја доби ќерката го пречека малото девојче Луета Ајли Томас Вилис.
Румер исто така откри и дека често го гледа како преживува посебни моменти со својата внука.
– Тој е татко на девојчиња. Го гледав со моите сестри, моите мали сестри – објаснила таа.
За болеста на Брус не постои лек, а најчести симптоми се: промени во личноста и однесувањето, тешкотии со говорот и проблеми со меморијата.
Семејството на Брус Вилис сподели тажни вести за актерот: Нема повеќе радост во него