ФОТО: Брук Шилдс – Храброст е на 55 години да го покажете своето тело

Фото: Инстаграм

Кога Брук Шилдс на својот Инстаграм профил објави фотографија во бикини нејзините фанови беа воодушевени од изгледот на оваа жена.

Но, иако на актерката и модел и многу помладите колешки можат да и позавидат на совршената фигура, таа призна дека и треба доста храброст за во 55-та година од животот да го покаже своето тело.

„Ги носев оние големи костими кои мораа да имаат што повеќе ткаенина“, изјави Шилдс за „People“.

Фото: Инстаграм

„Ќерките ми кажаа дека тоа е смешно. Работи на кои никогаш не би се фокусирала во животот. Имам 55 години можам да кажам: Чекај малку, жените во педесетите се уште не се готови“.

„Ако сте во тие години, особено ако сте актерка, тоа е како да сте имале своја кариера па сега можете да се опуштите, но јас мислам дека допрва почнувам“, додаде таа.

Фото: Инстаграм

Актерката тврди дека за време на растењето не размислувала толку за своето тело, бидејќи во текот на манекенската кариера главно била на насловните страници од магазините на кои им било важно како изгледа лицето, а не телото. Меѓутоа, таа сега со помош на децата и професионален тренер го засакала своето тело, и не се срами да го покаже.

„Никогаш не бев слаба. Секогаш бев спортски тип, што значи дека не се вклопувате во повеќето примероци“, објасни таа. „Моите ќерки велат дека сум заоблена….гледам како го слават тоа и учам од нив“.

Фото: Инстаграм

„Нормално, на своето тело работам секој ден, ова лето тренирав буквално секој ден, додаде Шилдс.

„Некако ја заработив својата самодоверба. Но при позирањето се уште внимавам на вистинскиот агол и осветлувањето“, призна таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот