ФОТО | Бритни Спирс повторно гола: Дали на ѕвездата навистина ѝ е потребна помош?

бритни спирс
Бритни Спирс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Бритни Спирс не престанува да ја шокира јавноста. 40-годишната поп ѕвезда е активна на социјалните мрежи каде често објавува фотографии и видеа со „нејасни“ пораки.

Позира топлес, танцува, објавува илустрации со „скриени“ значења, а неодамна успеа повторно да ги загрижи своите бројни обожаватели објавувајќи видеа на кое танцува, по што многумина коментираа дека дефинитивно ѝ е потреба помош.

ВИДЕО | Бритни Спирс непријатно ги изненади обожавателите: Девојко, мораш да побараш помош!

Несомнено, Брини ужива во својата слобода по повеќе од 13 години постојана контрола и психичка тортура од нејзиниот татко Џејми Спирс кој беше назначен за нејзин старател.

Ѕвездата сега повторно објави гола фотографија која секако воодушеви многумина, но и предизвика и бројни негативин коментари за нејзината ментална состојба.

ФОТО | Бритни Спирс со трогателна исповед на Инстаграм: Моето семејство ме посрамоти и длабоко ме повреди!

На фотографијата која ја објави на својот инстаграм-профил, Бритни Спирс позира целосно гола во високи бели чорапи.

„Енергија на слободна жена, нема подобро чувство“, напиша таа во описот на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Да потсетиме,  во декември минатата година судот ја ослободи ѕвездата од старателството на нејзиниот татко, кој го контролираше нејзиниот живот во последните 13 години. Оттогаш, таа ужива во работи што долго време не ѝ биле дозволени, како што е обично возење низ градот со автомобил.

Видео на денот