ФОТО | Британскиот премиер ги смирува децата: Дедо Мраз ќе дојде, само што не тргнал од Северниот пол

Британскиот премиер Борис Џонсон не сакаше да разочара мало дете кое му напиша писмо, изразувајќи загриженост дали Дедо Мраз годинава ќе може да ги раздели божиќните подароци за децата.

Осумгодишното момче Монти толку се загрижило дека престојниот Божиќ ќе остане без Дедо Мраз и традиционалните подароци кои тој им ги носи, поради рестрикциите воведени заради раширената пандемија од коронавирусот, па се обратило до премиерот лично: „Знам дека сте многу зафатени, но можете ли вие и научниците да разговарате за ова“.

Џонсон писмото го објави на Твитер покрај копијата од својот одговор.

-Се јавив на Северниот пол и можам да кажам дека Дедо Мраз е подготвен да тргне, исто како и Рудолф и сите други ирваси, наведе Џонсон.

Премиерот му пиша на момчето дека главниот здравствен експерт му пренел дека „ако Дедо Мраз се однесува на својот вообичаено одговорен начин и работи брзо и безбедно нема ризик ниту за неговото здравје ниту за здравјето на децата“.

Британскиот премиер рече дека добива многу писма од децата на таа тема и дека го поддржува предлогот на малечкиот Монти да остави дезинфициенс пред врата за да може Дедо Мраз да ги измие рацете пред да влезе во домот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот