ФОТО | Бремена политичарка со велосипед отишла во болница да се пораѓа и родила здраво бебе

Фото: Фејсбук

Пратеничката од Нов Зеланд, Џули Ен Гентер, утрово со велосипед пристигнала во породилиштето, каде што и се породила еден час подоцна.

Неколку часа подоцна, политичарката од партијата на Зелените на својата страница на Фејсбук објави дека утрово во 3:04 часот го дочекале новиот член на семејството.

Таа напиша дека бебето е здраво, среќно и дека спие како и таткото.

„Искрено не планирав да одам на породување со велосипед, но сепак, тоа се случи“, додала 41-годишната Гентер, која и во 2018 година отишла да се породи со велосипед.

„Моите контракции не беа толку лоши кога во два часа по полноќ тргнавме во болницата. Иако беа на растојание од две до три минути, тие се интензивираа до моментот кога пристигнав во болницата 10 минути подоцна“, напиша Гентер.

Пратеничката на Фејсбук објавила и фотографија со сопругот на паркингот во болницата.

Гентер има државјанство на САД и Нов Зеланд. Таа се преселила од Минесота во Нов Зеланд во 2006 година.

Политичарите од островската држава од пет милиони жители веќе имаат репутација на приземни. Премиерката Џасинда Ардерн своевремено зеде породилно отсуство додека беше на функција и го донесе тримесечното бебе во ОН на состанок, додека сè уште доеше.

Во јуни 2018 година, премиерката Ардерн стана втората светска лидерка која родила во текот на нејзиниот мандат.

Оттогаш, имаше неколку случаи на политичарки да носат бебиња со себе на работа – некои дури и ги доеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот