ФОТО | Бредли Купер со нов изглед: Дали актерот користи ботокс?

САГ Награди, Бредли Купер EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Актерот Бредли Купер привлече големо внимание кога се појави на „SAG“ наградите со значително поинаков тен и нешто што изгледа како сосема ново лице. 47-годишниот актер стана мета на критики и коментари по прошетката на црвениот тепих во неделата.

На неговото лице немаше речиси никакви брчки и кожата што личи на бебешка ги остави сите со прашањето, Што и дали му направил нешто на неговото лице?

бредли купер
Бредли Купер / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

„Radar“ разговараше со двајца пластични хирурзи од Лос Анџелес кои понудија увид за тоа што Бредли можеби му направил на неговото славно лице.

Д-р Дејвид Саадат – познат по неговата работа со пластична хирургија на лице во Беверли Хилс вели:

„Очигледно, Бредли Купер е многу убав, многу баран актер. Тој не е познат само по неговата одлична глума, туку и по издлабените контури на лицето, иако овде изгледа многу помазно“, сугерирајќи дека Бредли можеби ги „третирал своите брчки со невротоксин“, д-р Саадат вели дека потенцијалната процедура „може да се забележи преку мазната кожа која има изглед на фотошоп“.

Додавајќи дека „мускулите на актерот се чини дека се многу порелаксирани“, д-р Саадат открива „исто така е можно да ставил мала количина филер за образите за да се справи со неизбежното губење на волуменот поради стареењето“.

„Друга опција може да биде обновувањето на површината на кожата со CO2 ласер, кое бара повеќе време на закрепнување, обично помеѓу 7 до 10 дена, каде што кожата се нафрла и може да стане розова неколку недели по периодот на нафрлање, што резултира со свежа сјајна кожа“, вели докторот Жак Абрахамиан.

ГАЛЕРИЈА | Доделени САГ наградите: Најпрестижните холивудски имиња на едно место, еве ги победниците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот