ФОТО | Бред Пит се подмлади покрај 31-годишната девојка: Неговите ретро шик комбинации се вистински доказ за тоа

Бред Пит и Инес де Рамон / Фото: BeautifulSignatureIG / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Љубовта на секого влијае различно. За Бред Пит, тоа е враќање во ретро ерата преку смелите модни комбинации. Покрај љубовната хармонија, Бред Пит и 31-годишната Инес де Рамон ја негуваат и модата. Познатиот актер во секоја прилика се обидува да се прилагоди на модните избори на убавата бринета.

Фото: BeautifulSignatureIG / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

На почетокот на оваа недела, Бред Пит беше забележан во Њујорк со Инес на романтична вечера, каде актерот се појави во модно изданија кое црпи инспирација од 70-тите. Познатиот оскаровец ја долови атмосферата на оваа модна ера со путер жолт костум со ѕвонарки и ретро детали како црн раб.

Изгледа дека Бред навистина ја прифаќа својата новооткриена низа на ексцентричност. Викендот пред тоа, Бред се појави во уште една ретро шик комбинација. Актерот се одлучи за црвено-бели ѕвонарки и кошула со длабок врат. Изгледот го комплетираше со очила за сонце, ланче и патики.

Нивните појавувања во Њујорк предизвикаа бура од коментари, а многумина се согласуваат дека Инес, покрај младоста и шармот, внесе и нова енергија во животот на Бред. Дали таа е заслужна за неговиот свеж и младешки изглед или тоа е резултат на интензивните подготовки за нов филмски проект, останува да видиме.

Која е новата девојка на Бред Пит? Првпат се појавија заедно на црвениот тепих во Венеција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот