ФОТО | Бред Пит на насловната страница на „GQ“, обожавателите згрозени: Изгледа како мртовец

Фото: Instagram

Бред Пит, се појави на насловната страница на списанието „GQ“ како ѕвезда на јулското издание, а неговите обожаватели останаа згрозени од фотографиите.

Пит рече дека престанал да пие по раскинувањето со Анџелина Џоли и дека бил трезен околу шест години, а зборувал и за тоа дека една и пол година присуствувал на состаноци на „Анонимни алкохоличари“ и колку многу му се променил животот.

Бред Пит се повлекува од глумата: Во последниот семестар сум

На фотографиите за споменатиот магазин Бред позираше во кошула и панталони, со свежо цвеќе околу него. Сепак, неговите обожаватели се згрозени од професионалните фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GQ (@gq)

„Изгледа требаше да ја затворат гајбата. Кутриот Бред“, „Изгледа е мртов“, „Што е ова? Да не го изгуби облогот?“, „Ужасна фотографија“, „Ова ме исплаши. Изгледа како труп“, „Размислете за промена на насловната страница“, се само некои од стотиците коментари под објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GQ (@gq)

Инаку, Пит често се споменува во медиумите како еден од најпосакуваните мажи во светот и важи за член на холивудската прва лига. Светските медиуми детално го пренесоа неговиот брак со Џенифер Анистон и врската со актерката Анџелина Џоли. Тој е татко на шест деца со Џоли, а по болното раскинување во тек е битка за старателството на децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот