ФОТО | Браво за прилепчанката Ели: Од 130 кг. се симна на 89, и продолжува понатаму!

Фото: Принтскрин / Instagram

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ оваа есен.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма за време на есента. Зашто, не заборавајте, убавите тела кои ги гледаме секоја пролет и лето, се „вајаат“ токму во есен и во зима.

А, некои веќе успеаа во тоа! 

Таков е примерот со прилепчанката

Елизабета Магдеска Петкоска

.

На прашањето зошто се реши на таков чекор првпат после толку години и цел живот со прекумерна тежина, таа одговори: „Од инает, зошто ми рекоа дека после 40та година тешко дека ќе ослабеш! Е па им докажав дека можам“, се смее Елизабета Магдеска Петкоска и продолжува:

„Важна е волјата, истрајноста и упорноста!“

фото – приватна архива

А очигледно Ели имаше доволно волја за од 130 кг да се симне на 89 во моментов, а продолжува и понатаму, се разбира постепено и под надзор од својата менторка. За седум месеци!

На прашањето како успеа, таа вели: „Слушај си ја учителката и држи се до правилата, и онака од ништо не си скратен, јадеш се во доволна количина и гладен не си воопшто. Е сега, нема смоки, нема месено, ни чајна, ама мотивот е голем, кога гледаш како постојано јадеш, а килограмите одат надолу!“

Ели е пример за упорност, покрај програмата за исхрана, таа се приклучи и на фитнес часовите кај Елена, на почетокот во студио, сега онлајн во живо со неа, и после толку месеци таа сѐ уште не пропушта час!

– На почетокот поради килажата, голем дел од вежбите се чинеа невозможни, но Ели никогаш не се откажа, прво ги модифицираше и секој следен час можеше се повеќе и повеќе, за сега без проблем да бира дали да се приклучи во тешка или во лесна група и да одработи се без застанување. Е тоа е упорност!, ни рече фитнес инструкторката Елена Мирческа…


Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот