ФОТО | „Браво за мене“: Калиопи ослабна десет килограми за два месеци

Калиопи / Фото: Инстаграм, Калиопи

Поп-дивата Калиопи е препознатлива по своите неверојатни гласовни способности, но и по својата природна убавина. Дури и во шестата деценија од животот, таа е пример за негувана жена која плени со својата прекрасна насмевка.

Но, здравјето е пред сѐ, така што Калиопи внимава и на својата исхрана. Неодамна, таа откри дека успеала да ослабне дури десет килограми за два месеци, благодарение на диета која била направена специјално за неа.

„За два месеци, минус десет килограми. Среќна! Здрава! Браво за мене и за мојот нутриционист“, сподели Калиопи.

Фото: Инстаграм, Калиопи

Исто така, Калиопи сподели и фотографии во домашна атмосфера и ги праша своите следбеници како го поминуваат викендот.

„Како го поминувате викендот? Дали и вие, како мене, одлучивте да го поминете дома во вашите пижами?“, напиша пејачката на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот