ФОТО | Брацо и Сека одбележаа многу детства: Еве кои се и како изгледаат денес
Чоколадите Сека и Брацо почнаа да се произведуваат во Хрватска кон крајот на шеесеттите години на минатиот век благодарение на компанијата „Звечево“.
За време на постоењето на поранешна Југославија беа меѓу најпопуларните, а многумина ги сакаат и денес. На почетокот имаше само еден производ – млечна чоколада со девојче на пакувањето.
Луѓето ја нарекуваа Сека, а името набрзо и официјално беше сменето во тој прекар. Подоцна во асортиманот го додадоа и Брацо.
Со текот на годините, опаковката се менуваше многу пати, а во почетокот на 90-тите години на минатиот век, на неа можеше да се видат фотографии од момче и девојче.
И Брацо и Сека биле избрани од една од градинките.
Чоколадната сестра е Теа Агбаб, која сега има триесет години и веќе некое време живее надвор од Хрватска, а братот е Ден Бабиќ.
„Почнав на училиште есента и еден ден во септември стигнав дома и мајка ми Нада ми кажа дека сакаат да ме сликаат за чоколадото Брацо. Бев толку изненаден“, изјави тој во една прилика.
Ovako,kazu,danas izgleda djecak sa legedarne cokolade Braco,Dan Babic..#braco #seka #cokolada pic.twitter.com/mCGS673MBX
— Negra (@Negra972) January 19, 2015
Договорот со „Звечево“ своевремено му донел 126 германски марки.
Тој видел Теа на фотосесијата и никогаш повеќе.