ФОТО | Босански средношколец се појави на матурска прослава како Спајдермен

Фото: Скриншот/Твитер

Се наоѓаме среде периодот на матурските вечери, кога средношколците го прославуваат крајот на средното образование, или според многумина – најубавите и најбезгрижните години во животот.

И додека девојчињата со месеци размислуваат за тоа како ќе изгледаат за време на оваа важна вечер, а момчињата за првпат облекуваат поформална облека, еден матурант од Средното техничко уличиште во Бања Лука, БиХ се облече како суперхеројот Спајдермен, пишува „БањаЛука.нет“.

Заедничката фотографија на матурантите од ова училиште предизвика бројни шеговити коментари на социјалните медиуми, особено на Твитер.

„Ние сме небески народ“, „Ова може да се случи само во Бања Лука“, „Очигледно, дечкото се зеза“ се дел од коментарите.

Многумина се сомневаат дека ова момче го положи „испитот на зрелоста“, но едно е сигурно – тој успеа да го насмее целиот регион со својата матурска модна комбинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот