ФОТО | Босанец спаси мајка и две деца од превртен автомобил: Ти си нашиот Супермен!

Нихад Ибраимовиќ/Facebook
Нихад/Facebook

Добрите дела никогаш не остануваат незапаметени. Таков е случајот со еден храбар граѓанин кој успешно спаси мајка и две деца од превртен автомобил. Босанецот Нихад Ибраимовиќ заслужено ја доби титулата „Херој“.

Приказната за херојскиот подвиг во американскиот град Хартфорд во Конетикат ја пренесе и здравствената организација „Juniper Homecare“, во која Нихад Ибраимовиќ 17 години работи како менаџер.

„Утрото кога бил на достава, нашиот менаџер Нихад забележал нешто во далечината на улицата по која возел. Сфатил дека се работи за превртен автомобил среде улица. Видел дека од него се шири чад и веднаш тргнал во акција“ – стои во официјалната објава.

Кога се приближил, Нихад видел дека во автомобилот има заробени мајка и две деца.

„Брзо реагирал и го скршил прозорецот, успеал да ги извлече на сигурно додека да дојде брзата помош“

Херојски чин

„Чест ние  да имаме ваков херој во својот тим“ напишаа тие на неколку фотографии на кои ја пренесоа несреќата што се случила, но и фотографија од Нихад кој добил многу честитки и благодарности.

Многумина од граѓаните на градот, но и од локалната заедница, со огромна поддршка и позитивни коментари пишуваа на објавата. Тој доби и свое резидентно паркинг место како благодарност.

Нихад/Facebook
Нихад Ибраимовиќ/Facebook

„Ти си наш херој“

„Ова е прекрасно, фала Богу што сите се добро“

„Колку сме горди на тебе Нихад“

„И ние имаме свој Супермен“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот