фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТО: Блокирана крстосницата пред ЗОО Скопје – граѓаните порачаа дека не се чувствуваат безбедно

На крстосницата пред Зоолошката градина во Скопје се собраа граѓани на протест за да испратат порака дека безбедноста е на многу ниско ниво и дека тоа мора да се промени.

Протестот го организираше групата „Кој е следен?“ оформена по смртта на Фросина Кулакова која беше прегазена од страна на Васил Јованов. Главната порака која беше испратена од протестот е дека безбедноста не е прашање на избор, туку неопходност.

фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

“Со затворање на раскрсницата пред Зоолошката градина, се обединуваме со пошироката и стручна јавност и испраќаме недвосмислена порака – безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност. Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор. Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и се движиме секојдневно“, стои во соопштението.

фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ
фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот