ФОТО | Бјанка Ценсори шокира со својата голотија: На пазарење облечена во фустан од хулахопки, па на забава во проѕирен комбинезон без долна облека
Бјанка Ценсори, сопругата на раперот Канје Вест, повторно шокираше со своите модни изданија. Фотографите успеаја да ја „уловат“ младата архитектка во едни од можеби најразголените изданија досега.
Имено, Бјанка прво се одлучи да оди сама на пазарење низ Беверли Хилс во проѕирен краток фустан во боја на кожа кој наликуваше на исечени хулахопки од кој ѝ се наѕираше тангата. Косата ѝ беше подигната со црна штипка, а комбинацијата ја комплетираше со црни високи потпетици.
Исто така, таа се појави на забава во проѕирен комбинезон без да носи долна облека. Познатиот рапер и 29-годишната Бјанка ја поминаа вечерта со пријателите славејќи го роденденот на неговиот менаџер Џон Монополи.
Од проѕирниот тесен комбинизон целосно се гледаа голите гради на Бјанка. И, ова контроверзно модно издание го надополни со црни високи потпетици. За разлика од нејзиниот изглед, Канје беше облечен во црна модна комбинација која вклучуваше кожна јакна со качулка.
Неодамна „Дејли мејл“ објави дека Бјанка може да се соочи со затворска казна или парични казни бидејќи според Кривичниот законик на Калифорнија, изложувањето на голо тело на јавно место може да се прогласи за кривично дело. Односно, тоа може да резултира со максимална казна од шест месеци затвор, парична казна до 1.000 долари и означување на сексуален престапник најмалку 10 години.
ФОТО | Бјанка Ценсори повторно се шета речиси гола по улиците на Лос Анџелес