ФОТО | Бизарно: Илон Маск ужива во бакнежи со робот додека стравовите за вештачката интелигенција растат

Фото: Принтскрин/Твитер/Daniel Marven

Илон Маск повторно ги збунува луѓето, овој пат со слика на која изгледа како да се бакнува со робот за кој многумина шпекулираат дека би можела да биде неговата следна сопруга, пишува „Марка“.

Сите се збунети од серијата слики на основачот и сопственик на „Тесла“ и „Спејс икс“ како позира со различни женски хуманоиди.

Фото: Принтскрин/ Твитер/Daniel Marven

Сите тие се дизајнирани со вештачка интелигенција и ги имаат истите карактеристики и личности како жените.

Додека многумина мислеа дека Маск навистина се бакнува со робот, се покажа дека сликите се направени со помош на вештачка интелигенција (AI).

 


Фотографиите на Маск со неколку женски хуманоиди ги обиколија социјалните мрежи и наидоа на јавна осуда.

Извршниот директор на градежната компанија, Дејвид Марвен, ја објавил сликата и рекол:

„Илон Маск ја најавува идната сопруга, која е таа?

Марвен додал: „Тоа е првиот робот кој е произведен специјално дизајниран со вештачка интелигенција, со личност и карактеристики на жена за која сонува… што не може да се најде кај ниту еден нормален човек, бидејќи, се разбира, не постои нормална личност којa ги има сите потребни спецификации.

Излегува дека сликите не се реални и сите тие се создадени за да ги покажат опасностите што може да ги претставуваат сликите со вештачка интелигенција, како што објаснува Марвен.

„Особено откако компанијата ‘Тесла’ го објави првиот интегриран робот ‘Оптимус’“, додал тој.

Маск веќе нема да го води Твитер, на директорската позиција ќе го наследи жена

ВИДЕО: Ракетата „Старшип“ на Илон Маск експлодира само четири минути по лансирањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот