ФОТО | Бизарна драма: Маж упаднал во домот на Ријана и сакал да ја запроси

Ријана / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Во домот на пејачката Ријана се одвивала бизарна драма. Имено, непознат маж упаднал во нејзиниот имот во Лос Анџелес, со цел да ја запроси, по што веднаш пристигнала полиција.

Како што објави „Ти-ем-зи“, неидентификуваниот маж, наводно, отпатувал во Лос Анџелес од Јужна Каролина и се појавил во нејзиниот дом во Беверли Хилс со намера да ja запроси пејачката.


Безбедносниот тим на Ријана веднаш повикал полиција, која пристигнала во домот на пејачката, му ставила лисици на мажот и го сместила во полициско возило. По неговото апсење, на крајот беше откриено дека додворувачот на Ријана не прекршил никакви закони и бил испратен дома. Дополнително, му било кажано да не се враќа.

Не е познато дали пејачката била дома во моментот на инцидентот.

Повеќе вести за Ријана:

Згодна трудница: Ријана воодушеви во проѕирен стајлинг на Оскарите

Испиша историја: Ријана го покажа трудничкиот стомак на Супербол

Фамилијарно: Мама Ријана со синот и Ејсап Роки на насловната на магазинот „Вог“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот