ФОТО | Бинди Ирвин прозборе за психолошкото злоупотребување од дедо ѝ: Една фејсбук – честитка откри сè!

Instagram
Instagram

Ако беше жив „Ловецот на крокодили“, Стив Ирвин, немаше да биде среќен што го слуша ова. Имено ќерка му Бинди откри непријатни детали за дедо ѝ Боб Ирвин, и тоа на прославата на Денот на таткото.

Бинди Ирвин, ќерката на Стив, по повод Денот на таткото објави пост на својот фејсбук – профил, кој го посвети на татко си, сопругот Чендлер Пауел и свекор ѝ, но беше изоставен дедо ѝ Боб, таткото на Стив. На прашањето зошто го направила тоа, оваа млада жена не се двоумеше да ја открие причината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bindi Irwin (@bindisueirwin)

За жал дедо ми Боб не покажа интерес да го поминува времето со своето семејство. Јавно тој продолжи да тврди дека сака да биде со нас и да се дружиме, но приватно секогаш нашите средби беа полни со психолошко злоупотребување, изјавила Бинди за австралискиот портал „7Њуз“.

Таа додава дека Боб отишол толку далеку со дрскоста, што ѝ ги враќал подароците кои таа му ги испраќала во тек на годините за разни поводи, откако ги отворил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bindi Irwin (@bindisueirwin)


Од малечка ме игонорира. Сакаше да поминува време правејќи било што друго, наместо да биде со мене. Никогаш не ми кажал ниту еден топол или мил збор. Срцето ми е скршено што го кажувам ова, но навистина не е здраво да се биде во таква врска во која има злоупотреба. Цел живот се борам со таа врска и ми носи само неверојатна болка, изјавила Бинди.

Според Бинди, која во март го доби првото дете со сопругот Чендлер, ќерката Грејс, мајка ѝ Тери Ирвин продолжува да му пишува писма и да му праќа подароци на Боб, но тој ја игнорира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bindi Irwin (@bindisueirwin)


Таа открива дека семејството финансиски го поддржува Боб од 1992 година, односно неделно му испраќа одредена сума пари. Иако тој со нив се однесува лошо, мајка ѝ Тери сака да биде сигурна дека Боб е згрижен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bindi Irwin (@bindisueirwin)


Му изградивме куќа на прекрасен имот и секогаш ќе направиме сè што е во наша можност да биде добро згрижен, истакнала на крајот Бинди.

 

Видео на денот