ФОТО | Били Ајлиш и Најк издизајнираа нови „одржливи“ патики

били ајлиш
Фото: Принтскрин / Instagram

Били Ајлиш и Најк повторно се здружија за дизајнирање на нова колекција на одржливи патики.

Пејачката договори нова соработка со гигантот за патики за два нови Air Jordan модели кои се стопроцентно вегански и се изработени од 20 проценти рециклирани материјали.

Монохроматските патики доаѓаат во неон зелена и беж боја, двете бои кои се карактеристични и асоцираат на стилот на самата Ајлиш.

„Ова е најдобрата форма со се – со панталони, со шорцеви, со здолништа и со фустани. Ги сакам овие чевли и ми се допаѓа како прават да изгледаат нозете. Ми се допаѓа како прават да се чувствуваш. На некој начин можеш да правиш било што со нив. Тие се неутрални за полот, што многу ми се допаѓа и ти можеш да бидеш кој сакаш и што сакаш во нив, и со било која обувка, затоа што тоа е твое право и тоа е работата за која секогаш ќе зборувам кога станува збор за обувки.“

Боите во кои ќе бидат изработени патиките на Најк се омаж за кариерата на Ајлиш.

За нејзиниот деби албум пејачката стана препознатлива по нејзината неон зелена коса на која се спаруваа аутфитите од предимензионирана „lounge“ облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Со новиот албум Били се префрли на понеутрални нијанси на кои се надоврзува нејзината обновена бланш фризура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

19-годишната пејачка ги користи нијансите како одавање почит сама себе, за онаа која била и онаа која е сега.

Патиките ќе го носат и логото кое Ајлиш го користеше за својата марка која таа ја нацртала кога имала 14 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

За Ајлиш беше важно да ја инкорпорира „одржливоста“ во создавањето кога ja дефинираше соработката.

Минатата година таа се спартнери со „H&M“ за продажна колекција на одржливи парчиња, а ова не е прва соработка која ја има со брендот Најк, со кој оваа година веќе создадоа дизајни по повод „Денот на Планетата Земја“.

„Можете да направите кул нешта со рециклиран материјал и не морате да бидете „отпадни““, изјави Ајлиш.

Колекцијата е биде достапна за продажба на од 27 септ на сајтот на Били Ајлиш, а од 30ти септ на сајтот на Најк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Видео на денот