ФОТО | Бијонсе им го честиташе роденденот на близнаците кои ги крие од јавноста: Руми и Сер наполнија четири години
Викендов светската дива Бијонсе со кратка порака го прослави четвртиот роденден на своите близнаци, ќерката Руми и синот Сер.
„Што е подобро од еден подарок – два“, напиша таа и им посака среќен роденден на нејзните најмали наследници.
View this post on Instagram
Роденденската честитка беше испишана на црна позадина со бели букви , без дополнителни украси. Инаку, за Бијонсе е типично да додаде фотографија од личноста на која и посакува среќен роденден, но овој пат недостасуваа фотографиите од нејзините најмали наследници.
View this post on Instagram
Со оваа честитка пејачката продолжува вешто да ги крие близнаците од очите на јавноста.
View this post on Instagram
Во 2017 година, Бијонсе објави фотографија од трудничкото стомаче, најавувајќи дека таа и нејзиниот сопруг Џеј Зи очекуваат проширување на семејството, а потоа објави и фотографија со едномесечни бебиња.
View this post on Instagram
По тие фотографии и објавувањето на имињата на децата, славната двојка реши да ги оддалечи своите наследници од јавноста. Постарата сестра на близнаците Блу Ајви е редовен гостин на бројни настани со нејзините родители.