ФОТО | „Би биле очајни ако имаме деца“: Брачен пар патува дванаесет пати годишно

Фото: Инстаграм/Тејлор Васу

Џастин Васу (27) и Тејлор Васу (28) од САД тврдат дека живеат совршен брачен живот – патуваат дванаесет пати годишно и имаат секс четири пати неделно. Тие велат дека се ужаснати од последиците што може да ги имаат децата врз бракот и дека се премногу неодговорни за да бидат родители, објави „Дејли стар“.

Како што вели Тејлор за британскиот таблоид, повеќето родители во нејзиното окружување ѝ откриле дека нивниот живот завршил во моментот кога добиле деца.

„Поради таа причина, ние не сакаме наши деца. Родителството нè плаши“, објаснила таа за „Дејли стар“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Vasu (@tdens)


Одвреме-навреме, луѓето ја потсетуваат на биолошкиот часовник, но Тејлор е прилично остра со нив.

„Им велам дека тие одговараат за своите дела и дека јас не би сакала да бидам очајна како нив“, рекла 28-годишната жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Vasu (@tdens)


Брачниот пар вели дека патувањата се голем дел од нивната љубовна врска.

„Обожаваме да патуваме и сакаме да надокнадиме сè што пропуштивме“, раскажала Тејлор, алудирајќи на изгубените години поради пандемијата на коронавирусот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Vasu (@tdens)


Тејлор вели дека децата се голема обврска и дека тие имаат големо влијание врз животите на нивните пријатели кои решиле да станат родители.

„И нашиот сексуален живот е одличен, не сме подготвени да се откажеме од сето тоа. Нашата предигра започнува уште од утринското вежбање, па трае сè до вечерта кога имаме време за себе. Да имавме деца, ништо од тоа немаше да можевме да го правиме“, вели 28-годишната жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Vasu (@tdens)


Нејзиниот сопруг се согласува со нејзините ставови. Како што велат тие, веројатно ќе имаат деца еден ден, но тоа сè уште не им е приоритет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот