ФОТО | „Бев клинички мртов, па ме оживеаја – еве што видов“: Маж тврди дека се нашол на „другата страна“

Фото: Принтскрин - Фејсбук

Писателот Кевин Хил (55) се соочува со последиците од многу тешка и ретка болест на калцификација. Иако докторите правеле сè за да го спасат, во еден момент животот му висел на конец. Како што нагласува, се нашол на „другата страна“ и почувствувал како е да се умре и да се врати во живот.

Фото: Принтскрин – Фејсбук

Срцето на Кевин Хил престанало да чука во болницата Дерби Ројал во Лондон, каде што долго се лекувал. Имено, калцификацијата е многу сериозна и ретка состојба што се карактеризира со изумирање на клетките (некроза) на масното ткиво и ткивата на кожата. Таа предизвикува болни чирови и може да доведе до посериозни инфекции во телото што можат да резултираат со смрт. Луѓето што страдаат од оваа болест обично се соочуваат и со откажување на бубрезите, или се на дијализа или имале трансплантација на бубрег, пишува „Daily mail“.

Фото: Принтскрин – Фејсбук

Иако не е позната причината за калцификација, Кевин се соочувал со страшни последици. Во еден момент почувствувал како се одвојува од телото.

„Не гледав во своето тело, бев одвоен од телото. Како да се наоѓав во духовно царство, бев свесен што се случува, но имав голем мир. Не видов никаква светлина, како што други го опишуваат моментот на клиничка смрт“, раскажал тој.

Бил клинички мртов неколку минути, а потоа лекарите се обидувале да го реанимираат. Кевин рекол дека од страна ги гледал болничките работници како се обидуваат да го спасат.

Фото: Принтскрин - Фејсбук

„Знаев дека крвавам. Знаев дека е сериозно. Лекарите влегуваа и излегуваа за да го сопрат крвавењето. Знаев дека сум умрел. Бев одвоен од своето тело. Потоа, само заспав и се разбудив жив, крвавењето престанало. Знаев дека не е време да умрам“, нагласил тој.

Откако се вратил меѓу живите, многу работи променил од корен, особено приоритетите кои се извор на вистинска среќа.

„Кога излегов од болница, атмосферата во моето семејство драстично се промени. Станав поотпорен. Знаев дека можам да ја победам смртта. Сега сум во завршната фаза од закрепнувањето. Во десната нога сè уште чувствувам блага болка, но не е ни приближно како претходно. Претходно плачев со часови“, изјавил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот