ФОТО | „Бесценети моменти“: Ракометарот Филип Талески на семејно патување во Мајорка

Фото: Инстаграм/Филип Талески

Македонскиот ракометар Филип Талески (28), кој во моментов игра за португалскиот клуб Бенфика, деновиве е на заслужен одмор на шпанскиот остров Мајорка.

Според фотографиите, објавени на Инстаграм, Талески поминал прекрасно време со својата сопруга Ена и двете ќерки Софија и Марија.

„Бесценети моменти“, напишаа тие на Инстаграм.

На една од нив, среќното семејство позира покрај идиличната средина на шпанскиот остров, а на останатите може да се види како уживеале покрај базен и на неверојатните плажи кои ги нуди Мајорка.

Фото: Инстаграм/Филип Талески
Фото: Инстаграм/Филип Талески
Фото: Инстаграм/Филип Талески
Фото: Инстаграм/Филип Талески

Да потсетиме, Филип Талески и Ена Секулоска стапија во брак во 2018 година, а регистрацијата ја направија во неговото родно Крушево. Наредната година, тие станаа родители на ќерката Софија.

Кон крајот на 2022 година, им се роди и втората ќеркичка Марија.

ФОТО | Филип Талески стана татко: Уште едно девојче во семејството на ракометарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот