ФОТО | Бенифер се враќа: Дали новите фотографии се доволен доказ дека се повторно заедно?

epa-efe
Бенифер

Откако беа објавени нивните флертувачки мејлови и јавноста дозна за нивното романтично патување во Монтана, се чини дека Бен Афлек и Џенифер Лопез повеќе не се обидуваат да сокријат дека се повторно заедно.

За време на викендот, двајцата беа фотографирани како заедно го напуштаат приватниот имот во Мајами. Лопез насмеана „до уши“, додека пак Афлек бил забележан како пуши на балконот.

Ова не е прв пат двојката да дозволи нивната врска да биде јавно евидентирана, па само прашање на време е кога повторно ќе ги видиме да се бакнат пред камера.

Помина нешто повеќе од еден месец откако Лопез и Алекс Родригез објавија дека се разделуваат, додека пак на почетокот на годината Афлек ја раскина врската со Ана де Армас. Оттогаш, Џеј Ло и Афлек се забележани како се држат за раце и се возат со автомобил. Афлек дури беше виден како го носи часовникот што Лопез му го подари во 2002 година за неговото камео во спотот на песната „Jenny from the Block“.

Парот бил виден во понеделникот како вежбал во салата „Анатомија“ на плажата Мајами, објавува „Page Six“. Иако, наводно, „тренингот се случувал со различни тренери“, Бенифер изгледале „приврзано“ и „многу за заљубено“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DESDE LA RED (@desdelared)

Инаку, Бен и Џенифер се запознаа на сетот на филмот „Gigli“ во 2001 година. Двојката се вери во 2002, а раскина во 2004 година.

По раскинувањето со Лопез, Бен стапи во брак со актерката Џенифер Гарнер со која има 3 деца (парот се разведе во 2018 година), додека пак Лопез се венчаше со пејачот Марк Ентони. Со него доби близнаци, но сепак се разведоа во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот