ФОТО | Бен Афлек повторно бира веренички прстен за Џенифер: Поскап или поефтин од првиот?

Instagram
Фото: Instagram

По гласините дека Афлек сака да ја запроси латино дивата на нејзиниот 52 роденден на крајот на јули се лажни, папараците сега го фотографираа актерот додека ги гледаше вереничките прстени со неговата мајка Сем и синот Самуел во „Tiffany & Co“ во Лос Анџелес.

Актерот носеше превиткано парче хартија во кое повремено погледнуваше, а по излегувањето од продавницата ги сумираше впечатоците со својата придружба.

Оригиналниот свршенички прстен, што Афлек и го подари на пејачката во 2002 година, се смета за еден од најскапите во светот на шоу – бизнисот.


Да потсетиме, Џенифер и Бен ја обновија својата врска од крајот на април, откако латино ѕвездата ја раскина веридбата со поранешниот безбол играч Алекс Родригез. Отпрвин, тие се криеја од јавноста, а потоа почнаа да шетаат држејќи се за раце, а сега ги гледаме скоро секој ден за време на големите семејни собири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот