ФОТО | Белите дробови по коронавирусот пооштетени отколку по 10 години пушење?

Хирургот Британи Банкед-Кендал тврди дека белите дробови на пациентите излекувани од ковид-19 изгледаат многу полошо дури и од белите дробови на пушачите.

Таа рекла дека рендгенските снимки од белите дробови на пушачите се помалку замаглени, но белите дробови на пациентите со коронавирус се речиси целосно бели, што ги покажува интензивните лузни и недостатокот на воздух кој влегува во органите.

„Не знам кој треба да го слушне ова, но белите дробови после ковид изгледаат полошо од било кои бели дробови на пушачи кои ги имаме видено“, напишала таа на Твитер.

„Тие исчезнуваат. И се згрутчуваат. И отежнатото дишење се задржува… и така понатаму…“, додала докторката.

Банкед-Кендал рекла за ЦБС ДФВ дека многу од здравствените експерти се фокусираат на стапката на смртност, а не на долгорочните ефекти на преживеаните.

Таа додала дека дури и оние кои немаат симптоми, меѓу 70 и 80 отсто имаат тешки резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот