ФОТО: Бела Хадид уште еднаш воодушеви со својот едноставен стил

Instagram

Иако е една од најплатените модели на денешницата, Бела Хадид се стреми да живее нормален живот. Славниот модел се прошета низ Њујорк, облечена во едноставен стајлинг.

Го носев првото нешто што ми падна на рака“, изјавила таа.

 

Instagram

 

Бела не помина незабележана на улиците во Њујорк. Папараците ја фотографирале за време на прошетка во паркот „Washington Square“ во друштво на пријателка.

Во еден момент Бела и другата девојка седнале на клупа да појадуваат, купувајќи храна од локална пекара.

Instagram

 

24 годишната девојка секогаш  привлекува внимание со своите стајлинзи. Иако е една од најубавите и најплатените модели на денешницата, таа знае како да го задржи интересот на јавноста, а тоа обично го прави со своите оригинални комбинации на облека.

И овој пат иако навидум моделот не вложила премногу напор во изборот на стајлингот, на крај резулатот е повеќе од задоволителен.

Instagram

 

Сите парчиња функционираат одлично, таа искомбинирала сиви фармерки и сива маица со шарен принт, а сето тоа го закружила со едноставни патики „Nike“ и долг сив капут со потпис на модната куќа „Balenciaga“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот