ФОТО | Бела Хадид со инфузија во раката додека е на фризер: Лајмската болест не прашува за време

Instagram
Бела Хадид на модното шоу на француски „Вог“ во Париз, пред да признае за солзите. Фото: Инстаграм

Иако нејзините фотографии, кои ги објавува на социјалните мрежи, во повеќето случаи предизвикуваат завист кај младите девојки ширум светот, 24-годишната Бела Хадид сега откри дека не е сè идеално во нејзиниот живот, бидејќи се бори против автоимуна болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella ? (@bellahadid)

На својот инстаграм – профил, таа објави фотографија направена во соблекувалната, додека фризерката и ја средува косата. На фотографијата што ја објави, светски познатата манекенка добива инфузија додека е на фризер. Инаку, во 2012 година на Бела Хадид, но и на нејзиниот три години помлад брат Енвар Хадид и нивната мајка Јоланда Хадид им е дијагностицирана Лајмска болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella ? (@bellahadid)


Тоа е заразна болест предизвикана од бактеријата Борелија бургдорфери, која се пренесува со заразени крлежи и може да доведе до хронична, мултисистемска болест која може да влијае на кој било орган и да доведе до бројни здравствени компликации. Лајмската болест се нарекува и „голем имитатор“, бидејќи нејзините симптоми многу често личат на симптомите на други болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот