ФОТО: Бела Хадид ги разочара модните критичари со својот изглед
Дека грешките им се случуваат и на најдобрите, докажува и модниот избор на една од најуспешните модели во светот, Бела Хадид, која исто така важи за една од најголемите модни икони во моментот, барем според на експерти, овој пат ги разочара.
Манекенката е фотографирана во Њујорк, во лежерно издание, а иако е позната како некој што сака да ризикува и да експериментира кога е модата во прашање, овој пат тоа навистина ги разочара нејзините бројни фанови, а притоа и модните критичари.
Познатата манекенка беше уловена од папараците во комбинација од три нијанси на џинс и тоа фармерки, кошула и елек во машки стил изработени од ист материјал. Модната комбинација за заокружува со беж ролка и патики.
Нејзините фанови беа разочарани и реагираа со бројни негативни коментари за овој изглед на Бела.
„Каков е овој ужас“, „Изгледа како да чисти по дома“, „Ова се носеше во 90 – тите, па и тогаш беше аут“, беа само ден од коментарите на бројните разочарани фанови кои на моделот гледаат како на инспиративна модна икона.