ФОТО | Беатрис Боромео: Принцезата од Монако се грижи за крави, кози и овци и сама прави сирење

Ѕвезда на најновата насловна страница на „Л Офисиел Монако“ е снаата на принцезата Каролина од Монако.

Беатриче Боромеро / Фото: EPA/CHRISTOPHE KARABA

Убавата Беатрис, радио и телевизиска новинарка, која неодамна стана заштитно лице на „Диор“, даде и ексклузивно интервју за списанието, откривајќи ја помалку гламурозната страна од нејзиниот приватен живот.

24 часа на ден се грижат за животните

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

За потребите на снимањето на насловната страница, убавата Беатрис Боромео, сопруга на принцот од Монако Пјер Казираги (инаку, внук на Грејс Кели и принцот Рение) и мајка на неговите две деца, се пресоблекувала од креациите на „Диор“ и Џамбатиста Вали, и на прашањето колку е различен нејзиниот приватен живот од овој гламур, 35-годишната принцеза одговорила:

Многу! Поголемиот дел од времето го поминувам на терен, особено за време на овој карантин, а сопругот и јас треба да се грижиме за нашите животни 24 часа на ден“.

EPA/ERIC GAILLARD/POOL

Како што открила, таа и нејзиниот сопруг имаат кози, крави, коњи, овци…, па затоа приватно се облекува во согласност со нејзините обврски. Бидејќи ова време доведе до тоа и таа да работи претежно од дома, Беатрис признава дека ги остварува повеќето деловни состаноци преку видеоповик, по што истражува и ги пишува своите текстови.

Принцезата и принцот сами прават сирење

Беатрис и Пјер имаат фарма на југот на Франција каде што го поминаа карантинот и научија сè за таквиот живот. Сега тие сами си прават сирење, одгледуваат зеленчук, сонувајќи дека еден ден ќе го прошират бизнисот. Дека навистина го совладале сето тоа, неодамна се пошегува Беатрис Боромео во едно интервју, кога рекла: „Сега можам да додадам на мојата биографија и дека знам да исечам нокти на кози“.

EPA-EFE/VALERY HACHE / POOL MAXPPP OUT

Кога станува збор за нејзиното семејство, таа е задолжена за сите активности и одговорности, ако нејзините синови Стефано и Франческо го дозволат тоа. Снаата на принцезата Каролина од Монако изјави дека се договорила со сопругот дека ќе ја поддржува да продолжи да работи на нејзината кариера и успешно да ја вклопи со мајчинството.

EPA/BALLESTEROS

Иако, вели таа, се чувствувала малку виновна откако се вратила на работа, наскоро сфатила дека на нејзините деца не им недостасува апсолутно ништо и дека се среќни. Момчињата посетуваат училиште и градинка, а голема улога во нивното воспитување игра и самиот Пјер Казираги, кој ѝ е голема помош на Беатрис.

Напишала и книга

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER / POOL MAXPPP OUT

Со сите одговорности што ги има, Беатрис одлучила да си зададе повеќе работа, па затоа ја лансирала и книгата за деца „Капетан Папаја и Грета“, инспирирана од патувањето на нејзиниот сопруг преку Атлантикот со младата активистка Грета Тунберг, за да учествува на самитот на Обединетите нации во 2019 година.

Ја напишав книгата за да им објаснам на момчињата каде сè бил нивниот татко, бидејќи тој никогаш не бил далеку од дома толку долго. Раскажувањето на такви епски приказни полни со авантури може да има добро влијание врз нив во иднина – рекла принцезата Беатрис.

EPA/SEBASTIEN NOGIER

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот