ФОТО: Барди со Кејн и Левандовски во идеалниот тим на мундијалските квалификации

Енис Барди постигна четири голови во квалификациите за СП 2022/ фото: ФФМ

Македонската А репрезентација за првпат во нејзината историја ќе игра бараж за пласман на Светското првенство, односно ја делат само уште две победи до остварување на целта.

На 26 ноември ќе се дознае противникот во полуфиналето, а можни ривали ни се Португалија, Италија, Русија, Шведска, Шкотска и Велс.

По завршувањето на мундијалските квалификации во изборот на веб порталот „Whoscored“ објавен е идеалниот тим од 11 најдобри играчи.

Во истиот се наоѓа Енис Барди, играчот на Леванте кој доби оценка 7,82 во формацијата 4-4-2.

На голманската позиција Б. Бухел (Лихтенштајн), во одбраната Ж. Кансело (Португалија), В. Ван Дајк (Холандија) и Ј. Меле (Данска).

Во средниот ред Е. Барди (Македонија), С.Бергејс (Холандија), Д. Тадиќ (Србија) и М. Депај (Холандија), а во нападот Х. Кејн (Англија) и Р. Левандовски (Полска).

Барди го заврши овој квалификациски циклус со четири постигнати голови, еден против Лихтенштајн и три во Ереван против Ерменија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот