ФОТО: Барак Обама тагува: Тежок ден за нас, многу ќе ни недостасува

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Поранешниот американски претседател Барак Обама објави тажна вест на Твитер. Умрел нивниот миленик, кучето Бо, кој имал 12 години.

„Нашето семејство изгуби вистински пријател и верен придружник. Повеќе од една деценија, Бо беше постојана, нежна присутност во нашите животи. Тој беше среќен што нè гледа во нашите добри денови, во лошите и во оние меѓу нив“, напишал Обама покрај фотографијата со кучето.

„Го толерираше целиот метеж што настана со престојувањето во Белата куќа. Силно лаеше, но не гризеше. Сакаше да скока во базен, беше мирен во друштво на деца, живееше за остатоци од масата и тој имаше блескаво влакно. Беше токму она што ни требаше и повеќе отколку што некогаш очекувавме. Многу ќе ни недостасува“, додал Барак.

Поранешната прва дама на САД Мишел Обама откри колку болен бил Бо.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama)

„Ова беше тежок ден за нашето семејство. Се збогувавме со нашиот најдобар пријател Бо, кој се бореше со рак. Благодарни сме за љубовта што му ја покажувавте низ годините“, напишала Мишел.

Семејството Обама го доби Бо неколку месеци откако се преселија во Белата куќа. Барак им ветил на своите ќерки дека ќе им набави куче ако му помогнат во кампањата и го одржал тоа ветување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот